Дома Фудбал Босанец ќе биде наследникот на Вејн Руни?!

Босанец ќе биде наследникот на Вејн Руни?!

Англискиот второлигаш Плимут Аргиле се наоѓа на самото дно на Чемпионшипот на полусезоната со 20 поени во 25 натпревари. Им се заканува испаѓање во третата лига, и тоа го плати со своето работно место нивниот доскорашен тренер, англиската легенда и најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Плимут нема невозможна мисија пред себе. До крајот остануваат 21 коло, а зоната на сигурност, односно 21. место на табелата, им е на само три бода. Ќе се обидат да го постигнат тоа со друг тренер, а италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо пишува дека тоа може да биде 42-годишниот Босанец Мирон Муслиќ.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Муслиќ е роден во Бихаќ и од 10-годишна возраст живее во Австрија. Таму почнал да игра фудбал во аматерски клубови. Освен тоа, работел во училиште како педагошки асистент и полагал тренерски лиценци. Муслиќ прво работел како асистент во четвртата лига, а потоа ја водел У-18 екипата на Риед. По тоа, ја предводел втората екипа на Риед каде стана помошник тренер на првата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првите контакти направени: Рашфорд може да потпише за големиот ривал на Манчестер јунајтед!

Како што стојат работите, јануари е месецот во кој Маркус Рашфорд ќе го напушти Олд Трафор…