Дома Фудбал Борнмут плати 30 милиони фунти за замена на Семењо

Борнмут плати 30 милиони фунти за замена на Семењо

Борнмут официјално го ангажираше бразилското крило Рајан од Васко Да Гама во договор вреден малку над 30 милиони фунти, соопшти клубот.

„Црешките“ ќе платат фиксна сума од 24.7 милиони фунти сега, а уште 5.6 милиони можат да бидат достигнати преку вклучени во договорот бонуси за достигнувањата на играчот. 19-годишниот фланкер ќе има тешка задача да го замени Антоан Семењо, кој пред десетина дена беше продаден на Манчестер Сити.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од „Скај Спортс“ дополнуваат дека Рајан има клаузула за ослободување во износ од 86.8 милиони фунти (100 милиони евра). Талентираниот млад играч дебитираше со тимот на Васко Да Гама во 2023 година и досега има постигнато 16 гола и 1 асистенција во 64 натпревари со тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим сакаше да ги отпише, но Керик верува во нив: Јунајтед подготви нови договори за двајца играчи!

Коби Мејнo и Хари Мегваер наскоро треба да потпишат нови договори со Манчестер Јунајтед, с…