Леонардо Бонучи изгради легендарен статус во Јувентус, но направи изненадувачки трансфер во големиот ривал Милан.
Бонучи не се прослави на „Сан Сиро“ и после само една година се врати во Јувентус, а сега ја откри причината за заминувањето.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Имено, дефанзивецот имал жестока расправија со Алегри која за малку ќе преминела во физичка пресметка, па заминал поради тренерот.
„Имав жестока расправија со него за време на еден натпревар со Палермо. После 60 минути игра, му кажав на Алегри да го извади Маркизио од игра бидејќи тој беше премоерен. Маркизио се врати од операција на коленото и сигнализирав да го извадат од игра. Наместо да го извади него, тој го извади Стураро и ми порача да се однесувам како играч, а не како тренер. Дури и ме нарече „глупак“ и за тоа има снимки од камерите. По натпреварот бев лут и оттрчав до соблекувалната на Алегри. Повторно имаше тензија и моравме да бидеме разделени за да не се степаме“, раскажа Бонучи