
Поранешниот италијански фудбалер Леонардо Бонуќи го привлече вниманието на Олд Трафорд со својата пожртвуваност во играта. На еден момент Бонучи направи остар старт против Стефани Хоутон, некогашна англиска фудбалерка, која за првпат учествуваше во добротворната натпревар Soccer Aid.
Леонардо како да заборави дека учествува во ревијален натпревар. Играл жестоко и активно, но било само на топката, па не бил суден прекршок, што резултираше таа да падне преку него. По завршување на натпреварот, тие заеднички се фотографираа, а Италијанецот на својот Инстаграм напиша “Уште е жива”.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Инаку, на Олд Трафорд се одржа добротворен натпревар помеѓу поранешни ѕвезди на англиската репрезентација против остатокот од светот. За UNICEF се собраа околу 18 милиони евра. Soccer Aid се одржува секоја година од 2006 година и е инициран од англискиот музичар Роби Вилијамс. Во англиската екипа оваа сезона настапија бројни ѕвезди како од фудбалот, така и од забавниот свет.