
На Олд Трафорд се одржа хуманитарниот натпревар Soccer Aid во кој учествуваа поранешни фудбалери, фудбалерки и ѕвезди од светот на шоу-бизнисот, а еден старт на славниот Леонардо Бонучи предизвика реакции кај јавноста насекаде низ светот.
Soccer Aid се организира секоја година од 2006-та, иницирана од англискиот музичар Роби Вилијамс.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Секоја година традиционално играат Англија против Светот, а оваа година беа собрани 18 милиони евра за организацијата УНИЦЕФ.
Сепак, потегот што го направи Бонучи на натпреварот беше навистина непотребен.
Поранешната репрезентативка на Англија, Стефани Хотон, која за првпат заигра на Soccer Aid, трчаше кон голот на екипата од Светот без да очекува што ќе и направи Бонучи.
Bonucci Not about the Woke life 🤣🤣🤣#SoccerAid pic.twitter.com/CuQVwmL5RM
— Amit (@amit_mavar) June 15, 2025
Бонучи остро стартуваше по што Хотон се најде на тревата, а мораше да и биде и укажана медицинска помош.
Во натпреварот за Англија, меѓу другите, играа Вен Руни, Гери Невил, Џек Вилшир и Мајкл Керик, додека во таборот на Светот, покрај Бонучи, гледачите можеа да ги видат и Немања Видиќ, Ривалдо, Давид Трезеге, Едвин ван дер Сар и Хари Кјуел.