Дома Фудбал „Бомба“: Салах со еден потег најавил заминување од Ливерпул?!

„Бомба“: Салах со еден потег најавил заминување од Ливерпул?!

Египетскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на светската сцена во последните десетина години, Мохамед Салах, презеде драстични промени на своите социјални мрежи само ден по што беше изоставен од стартниот состав на Ливерпул пред синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт.

Според извештајот на Goal, Салах одлучил да ги отстрани сите спомени за Ливерпул од своите профили на социјалните платформи како Instagram и X, заменувајќи ги тие содржини и фотографии поврзани со клубот со општи фотографии од себе и луѓе од неговиот најблизок круг.

Да потсетиме, оваа сезона Салах започна со значителни предизвици, со очигледен пад во неговите настапи, помал број на постигнати голови и асистенции.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Неговиот придонес во поглед на постигнати голови значајно се намали, што е јасен показател за опаѓање на формата.

Токму тоа го наведе Арне Слот да го остави на клупата за резерви, што е невообичаен потег за играч кој со години важеше за еден од најдоверливите во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Арсими постигна спектакуларен гол каков што ретко се гледа во ПМФЛ! (Видео)

Спектакуларен натпревар попладнево во ПМФЛ одиграа екипите на Арсими и Пелистер ремизирајќ…