
Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип наскоро ќе добие нов сопственик – турскиот гигант Фенербахче. Според информациите објавени од телевизијата М Нет, токму денеска се очекува официјализирање на договорот со кој Фенербахче ќе стане мнозински сопственик на штипскиот клуб, кој моментално настапува во Втората лига.
Новите инвеститори ќе откупат 85 проценти од акциите на клубот, додека Општина Штип ќе задржи 15 отсто од сопственоста. Вредноста на зделката изнесува 300.000 евра, сума што е рамномерно распределена – по 150.000 евра за Општината и за досегашниот сопственик Кирил Гогов.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Во договорот меѓу двете страни е предвидена и заштитна клаузула – клубот мора да настапува во највисоките две рангирани натпреварувања (Прва или Втора лига). Доколку Брегалница испадне во Трета лига, сопственичкиот удел на турската страна автоматски ќе се врати на Општина Штип.