Маркус Рашфорд, откако тренерот Рубен Аморим го изостави од тимот за градското дерби против Сити, потврди дека наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Рашфорд и Алехандро Гарначо не беа помеѓу играчите кои беа дел од составот за дуелот против Сити, а Аморим изјави дека тие двајца не биле доволно добри на тренинзите и дека треба повеќе да се потрудат за да се вратат во тимот.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Рашфорд истакна дека не е лут ниту разочаран од одлуката на Аморим, но изјави дека е подготвен за заминување од Јунајтед.
🚨 Marcus Rashford: “For me, personally, I’m ready for a NEW challenge and the next steps”, told @henrywinter.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 17, 2024
“When I leave it’s going to be ‘no hard feelings’. You’re not going to have any negative comments from me about Man United”.
“That’s me. I will always be a Red”. pic.twitter.com/KKtuXjohMJ
“Подготвен сум за нов предизвик и следниот чекор во кариерата. Никогаш нема да слушнете лоши зборови од мене за Јунајтед, кога ќе заминам, тоа ќе биде пријателски раскин”, рече Рашфорд, кој додаде дека лично ќе го соопшти името на неговиот нов клуб кога ќе го напушти Олд Трафорд.
Дваесет и седумгодишниот Рашфорд е израснат во Јунајтед, а во првиот тим е од 2016 година.
Во 426 натпревари во сите натпреварувања досега има постигнато 138 голови и има запишано 63 асистенции.
Оваа сезона, во 24 настапи во сите натпреварувања има ефект од 7 голови и 3 асистенции.