
Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, Интер, е надвор од турнирот! Ова стана факт, откако “нераѕурите” загубија во реваншот со Боде/Глимт од плејофната елиминациона фаза на турнирот со 1:2 на нивниот домашен “Џузепе Меаца”.
Тие претходно загубија со 1:3 на Скандинавскиот полуостров и така со вкупен резултат од 2:5 го напуштија најпрестижното европско клупско натпреварување, до чие финале стигнаа двапати во рамките на претходните три изданија.