
Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во француската Ница. Оваа сезона таму постигнал два гола и запишал две асистенции на 13 настапи во сите натпреварувања.
Веќе на 12 години беше прогласен за еден од најголемите светски таленти, а денес во германскиот „Билд“ се појави информација дека тој всушност е четири години постар отколку што покажуваат документите.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Мукоко е роден во Камерун, а како многу млад дошол во Германија за чија У-16 репрезентација за првпат играл на само 12 години. Од самиот почеток поставувано е прашањето за неговите години бидејќи рушел рекорд по рекорд. Во 50 натпревари за У-17 Бундеслигата постигнал 83 гола и 14 асистенции, додека во 23 натпревари за У-19 Бундеслигата постигнал 44 гола и 10 асистенции. Сепак, најновите информации, откриени во документарецот на „ПроЗибен“, сугерираат дека нема 20, туку 24 години.
Неговиот старател Џозеф (73) во изјава под заклетва, која е исто така достапна на „Билд“, вели: „Свесен за кривичната одговорност на лажна изјава, изјавувам под заклетва: Јусуфа Мококо не е мој биолошки син. Истовремено, не е роден на 20 ноември 2004 во Јаунде. Му купив лажен извод од раѓање во Јаунде. Потоа отидов во амбасадата, му извадив пасош и го одведов во Германија како син. Всушност, тој е роден на 19.7.2000 година. Го подмладивме четири години, па на документите пишува дека е роден на 20 ноември 2004.”
„Мојата сопруга беше вработена во агенција што работи за Евоник, спонзор на Борусија Дортмунд, а јас бев вработен директно во клубот. Така заработувавме пари секој месец, односно не работевме”, заклучи Џозеф Мококо.
.