Дома Фудбал Бетис и Манчестер Јунајтед се договорија за Антони

Бетис и Манчестер Јунајтед се договорија за Антони

Бетис напредува во однос на реализирање на една од своите големи трансферни цели – да го обезбеди Антони од Манчестер Јунајтед и за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Фабрицио Романо, двата клуба воделе директни разговори во понеделник, и комуникацијата продолжила денес. Понудата на андалузијците е повторно за почетна позајмица на Бразилецот со опција за откуп. Мајк Макграт од „Дејли Телеграф“ дури тврди дека двата клуба веќе дошле до принципиелен договор за зделката.

Манчестер Јунајтед преферираше директна продажба уште сега, но клубот не доби поволна понуда за таква. Желбата на самиот Антони беше да се врати во Бетис, каде што минатата сезона одигра 26 натпревари, во кои постигна девет гола и запиша пет асистенции.

На “Бенито Виљамарин” продолжуваат да ја чуваат фудбалската маица со бр.7 за Антони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…