Дома Фудбал Бетис и Челси вечерва ќе водат битка за првиот европски трофеј, но и за историја!

Бетис и Челси вечерва ќе водат битка за првиот европски трофеј, но и за историја!

Вечерва, во Вроцлав, Полска, љубителите на фудбалот ќе бидат сведоци на завршницата на Конференциската лига, каде што ќе се соочат шпанскиот Бетис и англискиот Челси.

За тимот од Севиља, ова е шанса што се чека со децении, можност за прв меѓународен трофеј во богатата, но скромна европска историја. Од другата страна, Челси има на маса многу повеќе: можност да влезе во вечноста како прв клуб што ќе ги освои сите три најпрестижни европски натпреварувања. „Сините“ веќе се крунисани во Лигата на шампионите (2012, 2021) и Лигата на Европа (2013, 2019), а сега ја бркаат и круната од најновото натпреварување на УЕФА.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Обложувалниците го фаворизираат англискиот тим, победа на Челси се котира со коефициент 1.85, додека триумф на Бетис носи значително повисоки 4.70.

Историјата меѓу овие два клуба е кратка, само еднаш се судрија на европска сцена, во групната фаза од Лигата на шампионите во 2005 година. Тогаш Челси беше доминантен со 4:0 на „Стамфорд Бриџ“, но Бетис возврати со минимална победа во реваншот во Андалузија.

Навивачите на Бетис ја гледаат својата надеж во искусниот чилеански стратег Мануел Пелегрини, кој од 2020 година го води тимот со стабилна рака. Лондонскиот клуб, пак, ќе влезе со целосна сериозност, свесен дека против вакви противници нема простор за потценување – особено не кога станува збор за финале.

Фото: Real Betis/Chelsea

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи е блиску до договор со Давид, но во трката се вклучи и Јувентус

Наполи е блиску до договор со претставниците на напаѓачот на Лил, Џонатан Давид, пишува Sk…