Дома Фудбал Бензема е херој на Ал Итихад, го одведе во полуфналето од азиската Лига на шампиони!

Бензема е херој на Ал Итихад, го одведе во полуфналето од азиската Лига на шампиони!

Фудбалерите на саудискиот тим Ал-Итихад извојуваа победа против узбекистанскиот Насаф со резултат 1:0, осигурувајќи си останување во конкуренцијата за пласман во плеј-офот на Лигата на шампионите на Азија.

Во шестиот круг на Западната дивизија на ова натпреварување, Ал-Итихад се спротивстави на Насаф и успеа да победи потешко отколку што се очекуваше.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На многу отворен натпревар, видовме бројни шанси на двете страни, а единствениот гол падна во 57-та минута. Роџер испрати центаршут од левата страна, а искусниот Бензема покажа дека годините се само број.

На втората статива, Французинот одлично ја следеше акцијата и го надмудри голманот на узбекистанската екипа Абдувакхид Нематов, освојувајќи важни три бода за својот тим, кои можат да им значат многу во трката за осминафиналето на Лигата на шампионите.

За Бензема, кој пред пет дена го прослави својот 38-ми роденден, ова беше неговиот четврти гол од четири натпревари во ова натпреварување сезонава. Ист број на голови постигна и во саудиското првенство од шест одиграни натпревари.

Ал-Итихад моментално се наоѓа на шестото место во Лигата на шампионите со девет бодови, додека деветопласираната Ал-Гарафа, која не обезбедува пласман во плеј-офот, има шест бодови.

Ал-Итихад до крајот на лигашкиот дел од Лигата на шампионите има уште натпревари против катарските екипи Ал-Гарафа и Ал-Садд, и ако оствари победи, сигурно ќе се пласираат во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Фото) „Комити“ се збогуваа со една од најголемите фудбалски легенди – Васил Рингов

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Васил Рингов вчера почина на 70-год…