Дома Фудбал Белингем се појави со новата девојка и ги потврди шпекулациите (Видео)

Белингем се појави со новата девојка и ги потврди шпекулациите (Видео)

Одличниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем (21), го пропушти вчерашниот натпревар на Кралскиот тим поради суспензијата што му беше изречена после црвениот картон во претходното коло, но и на трибините привлече големо внимание.

Имено, Белингем го гледаше натпреварот на Реал и Џирона од свечената ложа, и првпат беше во друштво на својата нова девојка Ашлин Кастро, која е шест години постара инфлуенсерка и Instagram модел.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


За врската на Белингем со 27-годишната инфлуенсерка странските медиуми пишуваа веќе неколку месеци, а со заедничкото појавување на трибините на стадионот Бенрабеу, тие шпекулации беа потврдени.

Kамеритe во директниот телевизиски пренос ја забележаа и Денис Белингем, мајката на асот на Реал, која седеше покрај Ашлин, а тие тројца заедно го бодреа Реал на патот до победата над Џирона.

Бeлингем не можеше да игра на натпреварот поради навредување на судијата во минатото коло против Осасуна, кога доби директен црвен картон. Реал се жали, но жалбата беше отфрлена. Така, англичанот натпреварот мораше да го гледа заедно со својата девојка, која веќе има историја на врски со познати и славни личности.

Претходно, Кастро беше во врска со холивудскиот актер Мајкл Б. Џордан, како и со NBA ѕвездите Ламело Бол и Теранс Ман.

Kастро доаѓа од Лос Анџелес, каде Белингем и неговиот колега од репрезентацијата Трент Александар-Арнолд беа заедно на одмор по Европското првенство минатото лето. Нивната врска наводно трае од ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвува понуда за Ван Дајк

Реал Мадрид за следното лето го има поставено како висок приоритет доведувањето на врвен д…