
Фудбалерите на Реал ја забележаа првата победа на Светското клупско првенство. Во натпреварот од второто коло во група Х, „кралевите“ ја совладаа мексиканската Пачука со резултат 3:1 и со тоа го презедоа првото место во својата група. Головите ги постигнаа Џуд Белингам, Арда Ѓулер и Феде Валверде.
Натпреварот започна лошо за Кралевите. Веќе во седмата минута, дефанзивецот Раул Асенсио остана сам на голем простор со напаѓачот Саломон Рондон и го собори како последен човек во одбраната. Заработи црвен картон и играчите на Чаби Алонсо играа до крајот со играч помалку.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Белингам беше еден од најдобрите играчи на Реал, а одличниот Англичанец по натпреварот одговараше на прашања на новинарите за раменото кое го мачи веќе некое време. Откри дека по турнирот во САД ќе мора на операција:
„Добро е. Мислам дека стигнав до точка каде што болката не е толку силна. Ми здодеа да играм со рамото. Толку е жешко, губам многу килограми од прекумерното потење. Ми закажаа операција по турнирот. Полека го губам трпението, се чекав некое време, но не можам вака повеќе. Лекарите и физиотерапевтите се неверојатно трпеливи. Сакам конечно да се ослободам од повредата која ме мачи толку долго“, рече Белингам.
Фото: Принтскрин