
Реал Мадрид вчеравечер, со поддршка од Килиан Мбапе, го победи Манчестер Сити (3:1) и се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите. Иако Французинот одигра маестрален натпревар, на крајот Џуд Белингам мораше да го истакне играчот за кого смета дека е потценет и дека е најталентиран во тимот на кралскиот клуб.
Килиан Мбапе одигра натпревар за паметење и постигна хет-трик, конечно покажувајќи зошто Реал Мадрид години наназад се трудеше да го донесе во своите редови.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Мбапе доби пофалби и од Џуд Белингам по натпреварот, кој истакна дека Мбапе конечно е во вистинска форма и дека сега претставува вистински страв и трепет за противничките одбрани.
“Килиан е посебен играч и тоа сите го знаат. Почетокот на сезоната за него беше тежок бидејќи дојде во нов тим и мораше да се адаптира, а со сето тоа имаше и огромен притисок бидејќи се очекуваше веднаш да игра вака. Тоа беше само прашање на момент кога ќе заигра вака, бидејќи сите знаеме дека е посебен играч, а самодовербата што ја има е неверојатна. Сепак, мора да го истакнам настапот на Родриго, тој е најталентираниот играч во Реал Мадрид”, рече Белингам.
.“РОДРИГО е најталентираниот во нашата екипа, но исто така е и најпосветен.
— Sala12 (@OficialSala12) 19 февруари, 2025
Сите знаеме дека неговата најдобра позиција е на левата страна, и никогаш не се жали”
🗣️ Белингам, во интервју за Тјери Анри
pic.twitter.com/HWPwgXIUkQ