Дома Останати Ракомет Бек од Тунис потпиша за Еурофарм Пелистер 2

Бек од Тунис потпиша за Еурофарм Пелистер 2

Ракометарниот клуб Пелистер 2 ангажира ново засилување, а станува збор за талентираниот бек од Тунис, Мохамед Азис.

Азис е висок 195 сантиметри кој во Битола доаѓа од редовите на Клуб Американ од Тунис. Африканецот има 21 година и во последната сезона играл на позајмица во Грмда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Нашето ракометно семејство е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда“, соопшти Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Томовски по заминувањето од Потсдам се враќа во Македонија?

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски би можел повторно да настапува на дома…