Дома Фудбал Беа ривали на теренот, но и големи пријатели: Рамос со емотивна порака го испрати Бускетс во пензија (Фото)

Беа ривали на теренот, но и големи пријатели: Рамос со емотивна порака го испрати Бускетс во пензија (Фото)

Иако на теренот често беа големи противници, Серхио Рамос и Серхио Бускетс имаа прилика да соработуваат и како соиграчи во репрезентацијата. Големите играчи секогаш го препознаваат квалитетот еден кај друг. Рамос му посака на Бускетс успешна пензија од фудбалот.

„Буси, ти си пример за тоа што значи да бидеш исклучителен, а истовремено да останеш скромен човек. Честопати се соочувавме како противници, но засекогаш остануваме соиграчи. Секогаш беше на врвот, имаше визија, фудбалски квалитет, а беше и искрен и автентичен.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Фудбалот губи еден од најбрилијантните фудбалери за врска со кој некогаш сум играл, но го напушташ со признание и почит од сите со кои си бил на терен и сите кои го сакаат овој спорт.

Ти благодарам што беше одличен играч, одличен соиграч, одличен пријател. Ти посакувам се најдобро на новиот пат, те гушкам брате“, изјави Рамос споделувајќи фотографии со Бускетс.

Бускетс кој ќе наполни 37 години, со Барселона освои 32 трофеи и има 143 настапи за репрезентацијата на Шпанија оддлучи да се повлече откако помина две години со Меси и во Интер Мајами .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓачот на Ливерпул, сепак, не добил казна поради црвениот картон

Иако англиските медиуми пишуваа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Хуго Екитике со одзема…