Дома Фудбал Барселона во проблеми: Флик мора да импровизира против Атлетико!

Барселона во проблеми: Флик мора да импровизира против Атлетико!

Фудбалерите на Барселона во среда ќе го пречекаат Атлетико Мадрид во првиот дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Ханси Флик има неколку нејаснотии околу составот на екипата.

Денеска пристигна и официјалната вест дека медицинскиот тим не сака да ризикува со Френки де Јонг, и останува планот тој да биде целосно подготвен за реваншот, односно да добие минутите против Еспањол за време на викендот. Ова создава проблем за Флика, бидејќи викендов се повреди и Марк Бернaл, кој исто така ќе го пропушти првиот натпревар и работи напорно за да биде подготвен за реваншот на “Метрополитано”.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Затоа најголемата дилема на Флик е дали покрај Педри повторно да игра со Ерик Гарсија, кого тренерот го ротираше од стопер, на десен бек, до дефанзивен везен играч. Гави се врати, но долго не играше и не е подготвен да започне како стартер, додека Касадо го загуби доверението на Флик за важни натпревари.

Ако се земе предвид дека Жул Кунде се опорави и се врати против Атлетико, постојат големи шанси Ерик да биде дефанзивен играч за врска, а стоперите да бидат Кубарси и Жерар Мартин, додека на левата страна неизоставен е Жоао Кансело.

Втората дилема е дали Дани Олмо ќе биде стартер по одличната игра на позицијата “лажна деветка” против Атлетико во саботата во Мадрид. Левандовски доби одмор по две напорни репрезентативни натпревари, додека Феран Торес веќе не е опција за стартер поради лошата форма.

Сигурни напаѓачи на крилата се Јамал и Рашфорд, бидејќи Рафиња е надвор до мај, додека се очекува Фермин Лопез да остане на позицијата “десетка”.

Значи, без Де Јонг, Бернал, Рафиња, екипата на Каталонија очекува следниот тим:

Жоан Гарсија – Кунде, Кубарси, Мартин, Кансело – Ерик Гарсија, Педри, Фермин – Јамал, Рашфорд, Левандовски/Олмо.

Натпреварот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за утре во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс среде Кавадарци го преслуша Тиквеш! (Видео)

Екипата на Силекс одигра одличен натпревар во Кавадарци каде што со 3-0 славеше на гостува…