Дома Фудбал Барселона сака да го награди својот херој, но тој не е сигурен: Ќе одлучи заедно со сопругата

Барселона сака да го награди својот херој, но тој не е сигурен: Ќе одлучи заедно со сопругата

Барселона на крајот од одличната сезона ќе понуди награда на својот голем херој, голманот Војчех Шчесни, но прашање е дали искусниот Полјак ќе ја прифати.

Веќе е јасно дека Шчесни ќе добие нов двегодишен договор од Барселона како знак на благодарност за она што го направи оваа сезона за каталонскиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Полјакот се врати од пензија за да ѝ помогне на Барселона во моменти кога голманот Марк-Андре тер Штеген се повреди и сезоната за него заврши.

Шчесни не само што интервенираше кога требаше, туку и бранеше фантастично и го доведе клубот на прагот на освојување три од три трофеја во шпанскиот фудбал. Да потсетиме дека Барселона, по освојувањето на Суперкупот и Купот, е на чекор да ја освои и титулата шампион на Шпанија.

Полскиот голман потврди дека му е понуден двегодишен договор, но истакна дека ќе ја остави одлуката на сопругата.

“Не го кријам фактот дека ми е понуден нов двегодишен договор, но морам да одлучам со семејството што е најдобро за нас. Мислам дека должам на семејството, пред сè на сопругата, да ја донесеме одлуката заедно. Значи, сè уште не сум решил”, рече Полјакот и објасни:

“Најчесто одлуките во мојот дом ги носи сопругата и воопшто не ми е срам. Обично јас ги носам одлуките кои се однесуваат на фудбалот, но ова е поинаква ситуација. Бевме решени да останеме тука една година за да ги оствариме соништата, а потоа да се вратиме на играње голф. Одлуката ќе ја донесеме во наредните недели, а тука се и логистичките аспекти заради училиштето за децата, преселбата и така натаму”, објасни Шчесни за Canal+.

Проблем може да биде тоа што Тер Штеген се врати на тренинзи и во следната сезона Шчесни би можел да биде вториот голман на клубот, па е прашање дали сака да остане во таква околност.

Сепак, потегот на Барселона е сигурно вреден за пофалба и покажува дека во каталонскиот клуб го ценат полскиот голман за сѐ што направи кога се одлучи да се повлече од фудбалот.

Фото: Barcelona FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти објасни зошто не го викнал Нејмар во репрезентацијата

Шансите Нејмар да игра на Светското првенство во 2026 година се сè помали. Поранешниот клу…