
Од Барселона потврдија за повредата на Френки де Јонг, но се покажа дека работите се малку посериозни од очекуваното. Станува збор за повреда на десната лист на ногата, добиена за време на тренингот во четвртокот наутро.
Првичните прогнози беа дека играчот од средината ќе ги пропушти натпреварите во наредните 3-4 седмици, но сега се зборува за 5-6 седмици.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Ова е сериозен удар за Каталонците, бидејќи досега во сезоната Де Јонг учествувал во 31 натпревар, во кои направил седум асистенции и постигнал еден гол.
Обично Холанѓанецот е втор капитен, но најчесто ја носи капитенската лента бидејќи основниот капитен Роналд Араухо ретко игра.