
Жоан Марин, член на раководството на ракометната секција на Барселона, не го криеше разочарувањето по поразот од Магдебург (30-31) во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, при што отворено ги обвини судиите за пристрасност.
На прес-конференција по натпреварот, Марин директно ги посочи најдобрите македонски (и светски признати) арбитри, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, тврдејќи дека со своите одлуки сериозно ја оштетиле Барселона. Особено се потенцира фактот што на каталонскиот гигант му биле покажани три црвени картони, што според клубот, ја искривиле сликата на теренот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
„Веќе испративме формална жалба до Европската ракометна федерација (ЕХФ), бидејќи сметаме дека судењето не беше на ниво соодветно за едно вакво престижно натпреварување. Не бараме посебен третман, но мора да ја искажеме нашата гледна точка – веруваме дека нашата екипа беше неправедно оштетена,“ изјави Марин.
Тој истакна дека Барселона не сака да го потцени трудот и успехот на останатите учесници на турнирот, но смета дека вакви ситуации мора да се разгледаат сериозно, особено кога станува збор за завршница на елитно натпреварување.
фото: Македонски олимписки комитет