
Пред неколку дена, аргентинските медиуми објавија дека Хулијан Алварез летово ќе премине во Барселона и дека голема му е желбата да игра за Каталонците, но веднаш по тоа следеше студен туш од Мадрид.
Атлетико не сака ниту да слушне за заминувањето на Алварез, а доколку инсистира на тоа, ќе може да оди само за сума од најмалку 100 милиони евра.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
„Јорганџиите“ сакаат да го наплатат аргентинскиот напаѓач и дури се шпекулира дека со дополнителни бонуси сакаат да заработат сума од дури 150 милиони, што за Барселона е невозможна мисија.
Сепак, ако се покаже дека Алварез е недостапен за нив, на Камп Ноу имаат и резервна опција.
Каталонскиот Спорт објави дека втор на листата желби за нов напаѓач е Омар Мармоуш и дека неговиот трансфер од Манчестер Сити е многу пореална опција.
Дури и во јануари се шпекулираше дека Мармоуш би можел да го напушти „Етихад“ каде што нема минутажа која ја очекува, а повикот од Барселона сигурно би му бил тешко да го одбие.