Според каталонските медиуми, следното лето трансфер приоритет за Барселона ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.
Иако Ливерпул не планира трансфер, самиот играч има желба да го промени амбиентот и да се пресели во Шпанија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Дијаз игра извонредно оваа сезона, но преговорите за продолжување на договорот со Ливерпул не напредуваат добро, најмногу поради интересот од Барселона.
Мечтае да заигра на „Камп Ноу“, а Барселона го има на својот список на желби веќе извесно време.
Ливерпул нема да го спречи, но само под услов да добие 65 милиони евра за неговиот трансфер на лето.