
Раководствата на Барселона и Палмейрас постигнале договор за трансферот на Витор Роке во вредност од 25,5 милиони евра плус уште 5 милиони во форма на бонуси, информира каталонското издание “Спорт”.
За оваа сума, бразилскиот гигант ќе добие 80% од правата на напаѓачот, а медиумот додава дека сите страни постигнале разбирање и се согласиле со условите на зделката. Ова е неопходно бидејќи Витор Роке во моментов го носи дресот на Бетис, каде што беше испратен на позајмица до крајот на сезоната, но „зелено-белите“ исто така дале своја согласност за реализација на операцијата.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Шефовите на Барселона прават сè за да успеат да го реализираат овој трансфер, со кој ќе можат да ги покријат голем дел од финансиските загуби во врска со привлекувањето на Роке пред една година од Атлетико Паранензе за 30 милиони евра.
Сега на дневен ред доаѓа совладување на друг голем проблем во завршувањето на операцијата, а тоа се локалните правила на Кралската фудбалска федерација, кои забрануваат продажба на фудбалисти при затворен трансферен прозорец во земјата. Од Ла Лига веќе одговориле на каталонците дека нема да ја блокираат операцијата, но цврсто советуваат шефовите да не ја извршуваат. Раководството на Барса сепак се јавило со истото прашање до ФИФА и УЕФА, од каде што одговориле дека нема проблем за завршување на зделката, се додека тој се реализира во земја чие трансферно време сé уште не е затворено.