
БАРСЕЛОНА ја донесе одлуката за иднината на Маркус Рашфорд со намера да го ангажира трајно на крајот од сезоната. Англискиот напаѓач пристигна на Камп Ноу минатото лето во форма на позајмица од Манчестер Јунајтед, откако стана резервист под тогашниот тренер Рубен Аморим. Иако неодамнешното заминување на Аморим од клупата на „Црвените ѓаволи“ може да отвори можност за враќање на Рашфорд на Олд Трафорд, каталонскиот гигант има различни планови, пишува Goal.com.
Рашфорд воодушеви во дресот на Барса
Заминувањето на Аморим без сомнение ќе биде мотив за многу ѕвезди од Јунајтед кои се нашле на маргините, но се чини дека Рашфорд ја гледа својата иднина во Шпанија. Неговиот перформанс за Барселона ја нагласува таа желба, каде што досега има постигнато два гола и шест асистенции, помагајќи на тимот во одбраната на титулата во Ла Лига.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Барселона во моментов е на врвот на табелата со предност од четири бодови пред вечниот ривал Реал Мадрид. На овие два клуба им претстои финалето на шпанскиот Суперкуп оваа недела, откако Барса во полуфиналето лесно го совлада Атлетик Билбао, а Реал беше подобар од градскиот ривал Атлетико.