Дома Фудбал Барселона го совлада Атлетико и закажа финале со Реал Мадрид

Барселона го совлада Атлетико и закажа финале со Реал Мадрид

Играчите на Барселона обезбедија пласман во финалето на Копа дел Реј, откако го елиминираа Атлетико Мадрид.

По спектакуларното реми 4:4 во првиот натпревар на Камп Ноу, Барса минимално славеше во Мадрид, а херој на мечот беше Феран Торес. Тој е во фантастична форма, бидејќи ова е неговиот петти гол на последните четири натпревари.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Барселона доминираше и го имаше поседот на топката, што дополнително ги фрустрира домашните, кои на полувремето имаа четири жолти картони.

Единствениот гол беше постигнат во 27 минута, кога Торес ја искористи одличната асистенција на Ламине Јамалֹ и погоди со првиот допир на топката, оставајќи го Облак немоќен.

Атлетико се обидуваше да се врати во натпреварот, постигна гол преку Серлот, но истиот беше поништен поради офсајд.

Барселона во финалето на Кралскиот куп ќе се соочи против Реал Мадрид на 26 април во Севиља.

Голот го погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн спреми богата понуда за Леао

Ѕвездата на Милан Рафаел Леао побарал да биде продаден за време на летниот трансфер период…