Дома Фудбал Барселона го потврди трансферот на Гарсија, но вистинската „бомба“ треба да дојде од – Ибица!

Барселона го потврди трансферот на Гарсија, но вистинската „бомба“ треба да дојде од – Ибица!

Фудбалскиот клуб Барселона денес го објави пристигнувањето на Жоан Гарсија од Еспањол.

Каталонскиот гигант ја искористи клаузулата од 25 милиони евра за да го ангажира голманот од својот локален ривал, а Гарсија стави потпис на договор кој ќе трае до јуни 2031 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фановите се согласуваат дека ова е едно од најзначајните засилувања последните години, особено имајќи предвид дека долгогодишната форма на Тер-Штеген значително опадна.

Општото мислење меѓу каталонската јавност и аналитичарите е дека неуспесите, особено во европските натпреварувања, во голема мера се должат на намаленото ниво на игра на германскиот голман.

Откако Германецот повторно застана на голот во завршницата на сезоната, Флик му даде уште една шанса, но и самиот забележа дека Тер-Штеген веќе не е на потребното ниво и побара замена. На што претседателот Лапорта и Деко со задоволство реагираа ангажирајќи го одличниот 24-годишен голман од соседството.

Но, тоа не е сè, бидејќи Барселона денес направила уште еден сензационален потег. Во исто време, спортскиот директор Деко и неговиот асистент Бојан Кркиќ беа забележани на аеродромот пред да полетаат кон Ибица, каде моментално на одмор се наоѓаат и Ханси Флик и Нико Вилијамс!

Според блиски извори, преставниците на Барса и Ханси Флик ќе одржат важен состанок со Нико Вилијамс и неговите агенти, по што треба брзо да го комплетираат трансферот. Веќе неколку телефонски разговори меѓу Флик и Вилијамс доведоа до тоа шпанскиот репрезентативец да го информира својот тим дека сака трансфер во Каталонија.

Фото: Barcelona FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…