Дома Фудбал Барселона го отпиша еден од најголемите бразилски таленти

Барселона го отпиша еден од најголемите бразилски таленти

БРАЗИЛЕЦОТ Витор Роке ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната. Овој 19-годишен напаѓач моментално е на позајмица во Бетис и таму во 32 настапи има постигнато седум голови и две асистенции.

Роке се смета за еден од најголемите бразилски таленти. Барселона го плати 30 милиони евра на бразилскиот Атлетико Паранаенсе во јануари минатата година, но Роке во 16 настапи постигна само два гола и една асистенција. Со доаѓањето на тренерот Ханси Флик, тој го загуби местото во тимот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ниту Бетис не сака да го откупи Роке, а Фабрицио Романо пишува дека неговата продажба е еден од главните цели на Барселона во наредниот период. Пред две години растураше во Бразил каде во 25 настапи постигна 12 голови, а уште четири додаде во Копа Либертадорес.

Пред две години дебитираше за репрезентацијата и засега тоа му е единствениот настап. Според Трансфермаркт, вреди 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ја одби „понудата на векот“

Криптовалутната компанија Tether вчера соопшти дека доставила обврзувачка понуда во готови…