Дома Фудбал Барселона го договори Рашфорд, но вистинската ѕвезда допрва треба да потпише за Каталонците

Барселона го договори Рашфорд, но вистинската ѕвезда допрва треба да потпише за Каталонците

Барселона успеа да го договори доаѓањето на Маркус Рашфорд, што ќе биде официјализирано во следните денови, но изгледа дека тој не е единственото големо засилување што каталонскиот клуб наскоро ќе го претстави.

Иако Каталонците се обидуваа да го доведат Нико Вилијамс како засилување на позицијата десно крило, на крајот изборот падна на Маркус Рашфорд, кој со задоволство го прифати повикот на Барселона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Рашфорд ќе се приклучи на каталонскиот тим на едногодишна позајмица, а Барса ќе има можност следното лето да го откупи неговиот договор.

Англичанецот може да биде претставен како ново засилување на Барселона веќе за неколку дена, но изгледа дека не е единствениот кој ќе се приклучи на редовите на Блауграна.

Шпанските медиуми пишуваат дека челниците на Барселона тргнале во акција кога станува збор за засилувања, и дека покрај Рашфорд, преговараат и со Интер за доаѓањето на Дензел Думфрис.

Думфрис го воодушеви Жоан Лапорта и Деко во полуфиналето на Лигата на шампионите, кога беше најзаслужен што Интер ја исфрли Барселона, и сметаат дека Холанѓанецот би бил одлично засилување на позицијата десен бек.

На таа позиција игра инаку Жил Кунде кој исто така имаше одлична сезона, но не е тајна дека Французинот повеќе преферира позицијата стопер, што би можело да му се исполни во новата сезона ако дојде Думфрис.

Во таков случај, Барселона веројатно ќе продаде некој од стоперите, и изгледно е дека тоа ќе биде Роналд Араухо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед пронајде купувач за Санчо

Џејдон Санчо не отпатува во Шведска каде што Манчестер Јунајтед играше пријателски натпрев…