Дома Фудбал Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао ќе се одигра на 22 ноември во 16:15 часот на стадионот Ноу Камп.

Во соопштението се наведува дека Барселона ја доби првата административна дозвола, која одговара на Фаза 1Б. Натпреварот на стадионот Ноу Камп против тимот од Билбао ќе може да го следат 45.401 навивач.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Оваа дозвола го опфаќа целиот сектор на страничната трибина и се надоврзува на веќе издадената дозвола за Фаза 1А, која ги покрива Главната трибина и јужната трибина. Клубот продолжува да работи на Фаза 1Ц за да го обезбеди продолжувањето на активностите на Северната трибина“, се додава во соопштението на Барселона.

Реновирањето на стадионот на Барселона започна во јули 2023 година. Во текот на работите на Ноу Камп, Барселона ги играше домашните натпревари на Олимпискиот стадион. По завршувањето на реконструкцијата, Ноу Камп ќе може да прима околу 105.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…