Дома Фудбал Барселона договорила два важни потписи – наскоро и официјално!

Барселона договорила два важни потписи – наскоро и официјално!

Ден по епскиот пресврт против Бенфика во Лисабон, доаѓаат убави вести за навивачите на Барселона.

Денес, доверливи извори известија дека и Роналд Араухо и Педри се договорија за сите нови услови за продолжување на соработката и дека до крајот на следната недела ќе биде официјализиран новиот договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Араухо и Педри се договорија за сите услови и ќе потпишат нови договори до летото 2030 година.

Да потсетиме, Уругваецот во еден момент беше многу близу до заминување во Јувентус, но спортскиот директор Деко направи сè за да го задржи и успеа во таа намера.

Покрај Араухо и Педри, се очекува нов договор да потпише и Гави, кој одамна ги договори сите услови, додека се чека Ламин Јамал да наполнува 18 години за да потпише нов доволно долгорочен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…