Дома Фудбал Барселона доби тежок двоен удар, Рафиња и првиот голман се повредени и отпаѓаат за натпреварот со ПСЖ

Барселона доби тежок двоен удар, Рафиња и првиот голман се повредени и отпаѓаат за натпреварот со ПСЖ

Лоши вести ги стигнаа Барселона и Ханзи Флик по синоќешната победа над Овиедо со 3:1 во Ла Лига.

Каталонците официјално соопштија дека двајца од нивните клучни играчи – Рафиња и првиот голман Жоан Гарсија, се повредени и ќе отсуствуваат од терените некое време.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Во соопштенијата на клубот се открива и колку сериозни се повредите. Бразилецот ќе биде аут околу 3 недели, додека 24-годишниот голман ќе мора да помине хируршка интервенција и ќе отсуствува помеѓу 4 и 6 недели.

“Играчот Рафиња има повреда на средната третина на двоглавиот мускул на десната бедра. Проценетиот период за опоравување е околу 3 недели”, гласи официјалното соопштение на Барселона за бразилското крило, кое беше заменето синоќа во 66-тата минута од натпреварот со Овиедо.

“Играчот Жоан Гарсија има раскинување на медијалниот лигамент на левото колено. Утре ќе биде опериран со артроскопија од д-р Жоан Карлес Монлау. Проценетиот временски период за опоравување е од 4 до 6 недели, во зависност од неговата состојба”, напишаа од Барселона за новото лице на голот од Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Савињо блиску до нов договор со Ман Сити

Крилото на Манчестер Сити Савињо е блиску до договор со клубот за нова соработка. 21-годиш…