Барселона сака да го продолжи договорот на Феран Торес, пишува весникот “Марка”. Договорот на 25-годишното крило истекува по завршувањето на сезоната 2026/27. Се очекува разговорите меѓу управата на каталонците и агентите на фудбалерот да започнат во скоро време.
Главниот тренер на “блаугранас” Ханзи Флик многу смета на Торес поради неговата флексибилност, техника, способност да постигнува голови и севкупната игра во Барса. Германскиот стратег го смета Торес за еден од најважните играчи во тимот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
За сега Торес е спокоен за својата иднина во Барселона, тврди “Марка”. Во овој момент, напаѓачкиот играч не разгледал понуди од други клубови.
Феран Торес одигра 31 натпревар оваа сезона, вклучувајќи 10 како стартер, постигна 11 голови и направи 3 асистенции.