Дома Фудбал Барса не се откажува од голгетерот на Леванте

Барса не се откажува од голгетерот на Леванте

Офанзивниот играч за врска на Леванте, Карл Ета Ејонг, кој постигна 4 гола во 5 натпревари од почетокот на сезоната во Ла Лига, продолжува да биде дел од трансфер плановите на Барселона.

Каталонците сакаа да го привлечат 21-годишниот Камерунец уште летово, но немаа на располагање потребни финансиски средства.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тогаш ситуацијата ja искористи Леванте. Клубот од Валенсија се врати во елитата и го купи Ета Ејонг, кој потпиша договор на 4 години. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 30 милиони евра.

Африканецот го следат и неколку англиски клубови, кои се подготвени да ја платат потребната сума, но неговата желба е да ја продолжи кариерата во Барселона.

Ета Ејонг впечатливо играше во резервниот тим на Виљареал, но не доби гаранција за доволно време за игра во првиот тим и премина во Леванте. Барселона го следи неговиот развој уште од времето кога беше дел од академијата на Кадис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…