Дома Фудбал Барса направи „чудо“, Атлетико со пресврт, Ливерпул перфектен🎥

Барса направи „чудо“, Атлетико со пресврт, Ливерпул перфектен🎥

Барселона направи историски пресврт против Бенфика и победи со 5:4, Атлетико го доби дебито со Леверкузен, а Ливерпул е перфектен во Лигата на шампиони.

Барселона катастрофално го започна мечот против Бенфика. Голманот Шчешни направи големи грешки, па на полувреме имаа негатива од 3:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во вториот дел Бенфика повторно имаше два гола предност на 4:2 на дваесет минути до крајот, но Барса успеа да направи „чудо“ и дојде до голема победа од 5:4.

Атлетико исто направи пресврт против Леверкузен, иако остана со ирач помалку во раната фаза од мечот, но Алварез со два гола донесе голема победа за „јорганџиите“.

Болоња славеше над Борусија Дортмунд со 2:1, ПСВ ја победи Црвена Звезда со 3:2, а Јувентус и Бриж одиграа меч без голови. Ливерпул остана единствен тим со седум победи во исто толку меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …