
Патрик Виера доби отказ во Џенова, последниот тим од италијанската Серија А. Ова беше драго за Марио Балотели, доскорешниот играч на Џенова, кој немаше добри односи со поранешниот тренер Виера. Тие двајца заедно беа во два клуба. Францускиот тренер ја водеше Ница од 2018 до 2020 година, така што една сезона го водеше и Балотели.
Повторно се споија во Џенова, каде што Балотели пристигна минатата есен. Виера не делеше многу време за игра на Балотели, говореше дека Италијанецот “не е прилагоден за тимски спорт” и дека со него „е многу тешко да се работи“. Балотели, поранешниот италијански репрезентативец кој играше за Манчестер Сити, Интер, Ливерпул и Милан, ја напушти Џенова на почетокот на оваа година и оттогаш нема клуб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Кармата е кучка. Бог сè гледа и за сè се грижи. Џенова сега конечно може да се фокусира на луѓето кои вистински го сакаат тој клуб, навивачите и грбот и веруваат дека заслужуваат да бидат на врвот. Тие што ги наследија Зангрило и Џилардино беа себични и неискрени”, напиша Балотели на Инстаграм.