Дома Фудбал Балотели и Џенова веќе се разделуваат, позната следната дестинација?

Балотели и Џенова веќе се разделуваат, позната следната дестинација?

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели крајот на октомври пристигна во Џенова како слободен агент, но наскоро би можел да го напушти овој клуб. Наредните денови се клучни за неговата иднина во тимот од „Мараси“.

„Газета дело спорт“ пишува дека Балотели има понуда од мексиканскиот Круз Азул и би можел да го раскине договорот со „грифоните“ за да го напушти европскиот фудбал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Балотели не се наигра од кога пристигна, а и клубот е во еден вид транзиција бидејќи се очекува да дојде нов сопственик…

Затоа заминувањето е веројатно реална опција, посебно што Круз Азул му понудил на Балотели годишна плата од два милиони евра. Во Џенова според договорот би заработил пет пати помалку до крајот на сезоната.

Балотели во дресот на Џенова одигра само 62 минути, а познато е дека не е во добри односи со тренерот Патрик Виера од порано.

Овој напаѓач во текот на кариерата играше за бројни клубови, од Интер и Манчестер Сити преку Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, па до Бреша, Монца, Адана и Сион.

За репрезентацијата на Италија на 36 натпревари постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо проговори за поврзувањето со Реал

По елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, се зборува за потенцијалниот крај…