Баерн Минхен и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на младиот напаѓач Матис Тел, пренесуваат медиумите на Островот.
Според извештаите, 19-годишниот Французин ќе им се приклучи на Спарс за сума од 60 милиони евра, бидејќи се работи за перманентен трансфер, а не за договор за позајмица.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Самиот играч се уште размислува дали да ја прифати понудата на Тотенхем, бидејќи има интерес и од други англиски тимови како Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Астон Вила, но барем засега Спарс се најблиску до неговиот потпис.
Ова би бил рекорден излезен трансфер во историјата на Баерн Минхен, при што добиената сума ги надминува средствата добиени за Матијс де Лигт (кој отиде во Манчестер Јунајтед), Лука Ернандез (во ПСЖ) и Роберт Левандовски (во Барселона). За секој од нив Баварците земаа по околу 45 милиони евра.
BREAKING: Bayern and Tottenham have agreed a €60m fee for Mathys Tel. The player is still undecided at the moment [@le_Parisien & @lequipe] pic.twitter.com/ER1fs5UtvR
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 30, 2025