Дома Фудбал Баерн веќе донесе одлука, Џексон може да резервира повратен билет

Баерн веќе донесе одлука, Џексон може да резервира повратен билет

Иако не е ниту крај на октомври, Баерн Минхен сфати дека Николас Џексон не е паметна инвестиција за 2026 година.

Напаѓачот пристигна во Минхен на крајот од трансфер периодот како позајмен играч од Челси, но очигледно дека не ги оправда очекувањата. Или пак, неговото потенцијално откупување за дополнителни 65 милиони евра е преголема сума.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Германски извори блиски до клубот од Минхен тврдат дека Баерн веќе гледа кон други опции во нападот, и дека Џексон ќе биде вратен во Челси по истекот на позајмицата.

Досега одигра девет натпревари, од кои шест во Бундеслигата, на кои не постигна гол, додека двата негови погодоци ги постигна во Лигата на шампионите, против Пафос и Клуб Бриж.

Сенегалецот го чинеше Баерн дури 16.500.000 евра за едногодишна позајмица и клубот нема намера да исплати уште 65.000.000 евра за да го откупи наредното лето.

Инаку, договорот на Џексон со Челси истекува дури летото 2033 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус плаќа 41 милион евра на тројца тренери

Колку е далеку Јувентус од некогашниот сјај, најдобро покажуваат деловните потези при селе…