Баерн Минхен покажува силен интерес за ѕвездата на Милан и француски репрезентативец Тео Хенандес, пренесува „Билд“.
Баварците се во потрага по лев бек кој ќе може да биде замена за Алфонсо Дејвис, кој на лето најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Тео Хернандес игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на врвот на листата желби на Баварците.
Милан не сака да се раздели со својата ѕвезда, но преговорите за продолжување на соработката не одат добро.
Баерн е спремен да понуди 55 милиони евра за Французнот, па Милан сериозно ќе ја разгледа понудата.