Дома Фудбал Баерн подготвува тежок удар на англискиот гигант: Метата е еден од најголемите таленти во светот

Баерн подготвува тежок удар на англискиот гигант: Метата е еден од најголемите таленти во светот

Баерн Минхен сериозно ја разгледува можноста ова лето да се активности за потписот на младиот дефанзивец на Челси, Џош Ачеампанг.

Германскиот гигант, според информациите кои доаѓаат од Англија, веќе ја следи ситуацијата за 18-годишниот фудбалер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ачеампанг се смета за еден од најталентираните играчи кои излегле од академијата на Челси во последно време.

Иако имаше ограничено време во првиот тим, неговите настапи не останаа незабележани.

Во кратките периоди што ги доби на теренот, покажа зрелост, физичка подготвеност и тактичка дисциплина невообичаена за неговите години.

Токму тие карактеристики ја привлечеа вниманието на скаутите на Баерн.

Клубот од Минхен веќе години наназад ја гради репутацијата како екипа која знае да препознае и развие млади играчи.

Ачеампанг совршено се вклопува во профилот на фудбалери што Баерн сака да ги доведе – млад, перспективен и со огромен простор за напредок.

Во Челси го гледаат како долгорочно решение во одбраната, но конкуренцијата во првиот тим е голема.

Токму поради тоа, минутажата засега е ограничена, што отвора простор за други клубови да се вклучат.

Баерн, според достапните информации, разгледува летен потег за да биде чекор пред конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез повлече потег на кариерата и го договори Клоп, но еден човек може да му ги сруши соништата

Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекс…