„Ил Жорнале“ утрово пренесе вистинска медиумска „бомба“ која крена прашина во Серија А.
Иако во изјавите пред медиумите Пирло има поддршка од клупското раководство изгледа тренерското столче сериозно му се тресе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус вчера одигра 2:2 со Торино и така си го доведе пласманот во Лигата на шампионите наредната сезона во прашање.
Претседателот Андреа Ањели натпреварот го следел во друштво на Масимилијано Алегри, па веднаш се појавија шпекулации дека Алегри би можел да се врати на клупата на „старата дама“.
Ањели и Алегри имаат одличен однос, па можеби и негово враќање на клупата не би било толку големо изненадување.
Во среда Јувентус ќе го игра заостанатиот натпревар против Наполи, а од исходот на тој натпревар изгледа ќе зависи и судбината на Пирло.