Јувентус вечерва доживеа вистинска бламажа во Лигата на шампионите на гости кај Макаби „старата дама“ беше поразена со 2:0.
Иако после овој пораз многумина очекуваа да има отказ за тренерот Масмилијано Алегри, сепак тоа нема да се случи. Ваквата вест ја потврди претседателот на Андреа Ањели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тежок период е ова за сите нас, мораме добро да анализираме и сите да преземе одговорност. Посрамен сум, но фудбалот е таков, играат 11 и не може еден да е одговорен. Не може вината да биде префрлена на еден човек, Алегри. Сите заедно мораме да се извиниме на навивачите. Не може да има само индивидуална одговорност. Ќе анализираме на крајот на годината, Алегри останува тренер“, изјави Ањели.
Следниот натпревар на Јувентус е за викендот и тоа градското дерби против Торино.