Дома Фудбал Англија Aртета се налути: Бесен сум и разочаран, не можам да верувам како лажат

Aртета се налути: Бесен сум и разочаран, не можам да верувам како лажат

Откако претходно британски „Скај“ ги демантираше информациите на шпанските медиуми дека Микел Артета како Чави и Клоп ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната, се огласи и шпанскиот стратег.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Артета потврди дека неговите планови за иднината се поврзани со Арсенал и не размислува за ништо друго во овој момент.

„Навистина сум бесен и разочаран. Не можам да верувам дека пишуваат такви работи од ништо, како можат така да лажат за мене…Не наведуваат извор и измислуваат лаги кои можат да повредат одредени луѓе. Тоа беше лажна вест и ништо повеќе.

 Јас сум на место каде што сум среќен и пкружен со вистински луѓе, во мојата глава е само Аарсенал. Ќе направиме се за да бидеме подобри во периодот кој следи“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…