Aрда Ѓулер минатото лето пристигна во Реал Мадрид од Фенербахче за 20 милиони евра како млад фудбалер од кого многу се очекува, но засега Турчинот е далеку од очекувањата.
На почетокот имаше проблеми со повредите, меѓутоа и потоа постојано беше во втор план кај Карло Анчелоти. Новинарите ги интересираше ситуацијата со Ѓулер и поставуваа прашања кога ќе добие шанса, додека италијанскиот стратег одговараше дека тоа ќе се случи кога тој ќе одлучи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес шпанските медиуми пренесуваат дека Ѓулер по натпреварот против Севиља во кој не доби шанса закажал состанок со Флорентино Перез и му се пожалил дека нема добра комуникација со стручниот штаб. Ѓулер се чувствувал излажан од најавите дека ќе биде како големо засилување.
Ваквиот однос на Ѓулер наводно уште повеќе го налутиле Анечлоти затоа што таквите проблеми би требало да се решаваат помеѓу тренерот и играчот, а не да се вмешува сопственикот или претседателот. Останува да се види во наредниот период дали Ѓулер ќе добие повеќе прилика за игра до крајот на сезоната, доколку не постои и опција Реал Мадрид во летниот преоден рок да го испрати на позајмица.