Андреа Пирло го започна курсот за тренерска лицеца, а друштво ќе му прават големи асови на фудбалската игра.
Популарниот „Моцарт“ има намера брзо да му се врати на фудбалот, а тоа го потврдува и со денешниот потег каде што започна да го учи тренерскиот занает заедно со уште неколку поранешни големи фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемото изненадување помеѓу сите е Габриел Батистута!
Аргентинецот одлучи на 49 години да се проба во тренерската работа, а ќе видиме како сето тоа на крајот ќе испадне.
Тијаго Мота е уште еден член во тренерското училиште во Коверчана, тој по завршувањето на кариерата ќе остане како тренер во младинскиот тим на ПСЖ и неговата појава не треба да зачудува.
Помеѓу остатите тука уште беа Паоло Канаваро, Даниеле Бонера, Алберто Џилардињо, Матузалем, Паоло Монтеро…