Дома Фудбал Англија Aлиоски: Сонувам за ЕП 2020 со Македонија и место во Премиер Лигата со Лидс

Aлиоски: Сонувам за ЕП 2020 со Македонија и место во Премиер Лигата со Лидс

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски игра одлично во дресот на Лидс, а тоа го доказ за тоа е и барањето на навивачите на Лидс од пред неколку дена Алиоски да потпише доживотен договор со клубот.

Алиоски во Лидс стигна во 2017 година и веќе стигна до бројката од 100 настапи за славниот англиски клуб.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Со својот Лидс Алиоски е на добар пат да се пласира директно во Премиер лигата. Лидс во овој момент се наоѓа на втората позиција со десет бода повеќе од третопласираниот Престон и два помалку од лидерот ВБА.

Во изјава за англиските медиуми, Алиоски порача дека сонува за влегување во Премиер лигата со Лидс и пласман со Македонија на ЕП 2020.

„Би било совршено ако со Лидс обезбедам место во Премиер лигата, а со Македонија се пласирам на ЕП 2020. Тоа е мојот сон и верувам дека ќе можам да го остварам“, изјави македонскиот фудбалер.

Како „виновник“ за одличната форма Алиоски го посочи тренерот на Лидс, Марсело Биелса.

„Со Биелса направивме голем чекор напред, а јас под него станав ментално посилен, тактички подобар и попаметен“, порача Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…