Давид Алаба на крајот од сезоната сигурно ќе го напушти тимот на Баерн.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Австриецот во Баерн пристигна уште во младинските категории, но изгледа сега одлучил да побара нов предизвик. Договорот на Алаба со Баерн завршува на крајот од сезоната, а фудбалерот неколку пати го одби Баерн за продолжување на соработката.
28 годишниот фудбалер се наоѓа на мета на неколку клубови, но изгледа веќе е јасно за кого ќе потпише на крајот од сезоната.
Германските медиуми објавија дека Алаба има договор со Реал Мадрид и со „кралевите“ ќе потпише договор до 2025 година.
Според информациите, Алаба со Реал се договорил уште во декември.
Ако е така тој го прекршил правилото затоа што дозвола за преговарање со други клубови доби во јануари.