Новак Ѓоковиќ нема важечка виза откако истата ја укина министерот за имиграција во австралиската Влада Алекс Хок.
Српскиот тенисер и понатаму е во Австралија, поднесена е жалба. Последната информација од денешното сослушување на Новак е дека случајот се префрла на Федералниот суд што значи судијата Кели кој претходно донесе одлука во корист на Ѓоковиќ ја завршува работата околу овој случај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адвокатите на двете страни ги кажаа своите аргументи пред судијата Ентони Кели, па конечната одлука се очекува во недела, но за тоа ќе решава Федералниот суд. Адвокатот на Владата на Австралија побара од судијата Кели да биде вратен притворот за Ѓоковиќ, кој во моментов е на слобода.
Медиумите наведуваат дека со ваквата одлука (префрлување на Федереалниот суд) се намалуваат шансите на Ѓоковиќ да заигра на Австралија Опен.